преку 15 години доверба на пазарот на Балканот

HYVA Skiploader

Hyva автоподигнувачот (skiploader) се произведува во “SA” верзија со стандардни подигнувачки раце и “TA” верзија со телескопски подигнувачки раце. Телескопската верзија може да биде со “XL” опција која го зголемува дофатот на рацете. Hyva автоподигнувачите се произведуваат со капацитет на подигање од 6 до 18 тони, при што “XL” верзиите се испорачуваат во варијанти од 12, 14 и 18 тони. Верзиите до 12 тони се наменети за монтажа на двуосовински шасии, додека 14 и 18-тонските се за троосовински шасии.

Сите модели на Hyva автоподигнувачи се одликуваат со лесна и компактна конструкција која овозможува поголема корисна носивост, голема сигурност во работа и широк спектар на дополнителни опции. Се користат за манипулација со контејнери изработени според стандардот DIN 30720.

Наш асортиман