преку 15 години доверба на пазарот на Балканот

HYVA Хидраулика

HYVA е глобална мултинационална компанија основана во Холандија во 1979 година. Сите HYVA производи се изработени за да ги задоволат строгите барања на глобалниот пазар во однос на квалитет, цена, достапност и постпродажна поддршка за клиентите.

Централата на компанијата се наоѓа во Холандија, додека производствените погони се сместени во Холандија, Германија, Италија, Бразил, Кина и Индија.

Како добавувач, HYVA нуди широк спектар на технички производи и компоненти кои главно се користат во хидраулични склопови на системи за товарање и истоварање на камиони и приколки, како за стандардни така и за теренски транспортни услови. HYVA исто така претставува значаен фактор во производството на компактори и возила за собирање отпад, наменети за индустријата која се занимава со зачувување и заштита на животната средина.

Основни производи во HYVA погонот се:

  • Телескопски хидраулични цилиндри за камиони и приколки со кипер-тип
  • Широка палета на цилиндри за тространи кипери
  • Системи за подигање на контејнери (рол кипери и подигнувачи на контејнери)
  • Мобилни и статички компактори и други единици за собирање и обработка на отпад

HYVA сет за кипување

HYVA уредите за кипување се одликуваат со квалитет и приспособливост на барањата на пазарот, што ги прави најпродавани кипер-системи во светот.

PTO

Помошниот извод на сила е механички уред контролиран пневматски, конструиран за пренос на сила од менувачот кон хидраулична пумпа или компресор.

Пневматски команди

Нудиме комплетен асортиман на пневматски команди за кипување, вклучување на изводот на сила (PTO), како и комбинирани команди.

Хидраулични агрегати

Електроагрегатот е уред кој се состои од електромотор (12V или 24V), хидраулична пумпа, резервоар за масло и контролен вентил.

Хидраулични вентили

Хидрауличните HYVA вентили за кипери обезбедуваат максимални перформанси и безбедност при кипување.

Клипни и запчести пумпи

Од производната програма на HYVA нудиме клипноаксијални и запчести пумпи со зафатнини од 10 до 113 l/min.

Резервоари

Асортиманот опфаќа резервоари за странична монтажа и монтажа зад кабината, изработени од алуминиум или челик, со капацитет од 12 до 213 литри.

Резервни делови и опрема

Покрај хидрауличните компоненти, на клиентите им излегуваме во пресрет со резервни делови и придружна опрема.