преку 15 години доверба на пазарот на Балканот

Елементи на надградба

Калници, сандачиња за алат и ПП апарати претставуваат основни елементи на опремата на секое возило. Покрај нив, во нашиот асортиман се наоѓаат и: брави, шарки, столбови, механизми за затегање на церада, одбојни и заптивни гуми, шини и куки за месо, потпори и механизми за отворање на страници на кипери, како и бројни други елементи потребни за сандачарски, киперски и термоизолирани надградби.

Калници

Универзалните калници, изработени од бризгана пластика, се прилагодуваат на сите типови возила во зависност од димензиите на пневматиците. Во понуда се модели: луковидни, flat top, челични и полу-калници. Покрај нив, нудиме и држачи за калници со дијаметар од ø42 mm и ø54 mm, за едноставна и сигурна монтажа.

Алуминиумски профили

Алуминиумските профили се користат за изработка на сандачарски и киперски надградби. Во понудата го имаме класичниот монопрофил со висина од 400 mm, додека за поголеми висини се достапни TR6 профили со висини 100 mm и 200 mm, кои може модуларно да се спојуваат до посакуваната вкупна висина.

Заштита од подлетување

Со цел да ви обезбедиме што подобра заштита од подлетување, во понудата ги имаме следните елементи:

  • Држачи (конзоли) за странична заштита – 565 mm и 735 mm
  • Алуминиумски профил против подлетување 100x30 mm
  • Завршен профил против подлетување
  • Пластичен чеп – луковиден
  • Пластичен чеп – рамен

Челичен профил FUHRMANN

Најквалитетните челични профили FUHRMANN се достапни во дебелини од 1.5 mm, 2 mm и 2.5 mm. Ширината на профилите е 33 mm за HV тип и 66 mm за B тип, додека висините на страниците се достапни во варијанти од 400, 500, 600, 800 и 1000 mm. Овие профили обезбедуваат сигурна цврстина и приспособливост за различни типови надградби и конструкции.

Заден браник

Универзалните бранници се наменети за сите видови возила и се достапни во должини од 2000, 2200 и 2400 mm. Се испорачуваат со фабрички подготвени отвори за светлосни групи, како и со завршни PVC краеви, што овозможува брза и лесна монтажа.

Елементи за сандачарска надградба

Сандачарските надградби се универзално решение за транспорт на различни видови стока. Ги одlikува цврста конструкција и отпорност на атмосферски влијанија, а се изработуваат од алуминиум, челик или композитни материјали. Идеални се за логистика, испорака и секојдневен комерцијален транспорт.

Сандачиња за алат и ПП апарати

Сандачарските надградби претставуваат робусно и повеќенаменско решение за транспорт на разновиден товар. Изработени се од квалитетни материјали отпорни на абење и временски услови. Во комбинација со ПП (противпожарни) апарати, кои се клучни за безбедноста во сообраќајот.

Елементи за киперска надградба

Киперските надградби овозможуваат едноставно истоварање на расфрлан товар благодарение на хидрауличен систем за подигнување на сандакот. Се користат во градежната и комуналната индустрија, а се изработуваат од цврсти материјали за да издржат барачки работни услови и обезбедат долг работен век.