преку 15 години доверба на пазарот на Балканот

HYVA Подигнувачи

HYVA LIFT е дел од HYVA групацијата кој се занимава со производство на подигнувачи на контејнери од типот HOOKLOADER – ролкипер и SKIPLOADER – автоподигнувач.

Една од најзначајните иновации во производната програма на HYVA LIFT е новата серија ролкипери со ознака Titan. Оваа серија донесува низа технички унапредувања развиени врз основа на искуствата од претходните модели. Titan ролкиперите се значително поекономични, поиздржливи и пофлексибилни при работа со различни типови контејнери. Достапни се во верзии со носивост од 12 до 30 тони, како и во специјални апликации со капацитет од 35 до 40 тони.

Составен дел од нашата понуда е и селекција на подигнувачи во согласност со шасијата на возилото. Во соработка со производителите на шасии и со примена на современи софтверски алатки, нашите инженери можат да ги усогласат сите технички детали пред самата монтажа на подигнувачот.

На тој начин, купувачот добива решение кое целосно одговара на секојдневните барања во рециклажните компании, собирање отпад, специјален транспорт и слични примени.

Предности на HYVA LIFT автоподигнувачите:

  • Капацитет на подигнување од 4 до 18 тони
  • Моделите XL и XXL имаат зголемен дофат и носивост
  • Поддржуваат широк спектар на габарити на контејнери
  • Робусна конструкција и елегантен дизајн
  • Прецизни и доверливи пневматски команди
  • Дизајнот овозможува подолг работен век на главниот цилиндар
  • Широк спектар на опции
  • Можност за дизајнирање и испорака според
    индивидуалните спецификации на клиентот
  • Мрежа на специјализирани сервиси

Примена:

  • Градски комунален сектор
  • Транспорт на опасен материјал
  • Транспорт на метален отпад
  • Транспорт на отпад од дрвната индустрија
  • Зимски служби и специјализирани комунални операции

HYVA Hookloader

Hyva Abrolkiper (hookloader) – подигнувач на контејнери и други апликации монтирани на аброл систем – претставува еден од најсовршените производи во понудата на Hyva групацијата.

HYVA Skiploader

Hyva автоподигнувач (skiploader) е достапен во верзија SA со стандардни подигнувачки раце и верзија TA со телескопски подигнувачки раце.