преку 15 години доверба на пазарот на Балканот
Компанијата SUNFAB е еден од лидерите во производството на хидраулични клипни пумпи за мобилна хидраулика. Најпознатите производи вклучуваат еднолиниски и дволиниски хидраулични пумпи, како и хидромотори.
Седиштето на компанијата се наоѓа во Hudiksvall, Шведска, каде што е сместен и производствениот погон. SUNFAB пумпите и моторите се тестираат според најстроги критериуми, што ја потврдува нивната издржливост во најбарачките апликации и работни услови.
Во секое време на лагер имаме значителна количина на SUNFAB пумпи и резервни делови, подготвени да ги задоволат потребите на клиентите.