преку 15 години доверба на пазарот на Балканот

HMF дигалки

HMF е данска компанија со повеќе од 70 години искуство во проектирање и производство на хидраулични камионски дигалки (loader cranes), со капацитети од 3 до 95 tm, кои се признати како доверливи, компактни и технолошки напредни. Со седиште во Højbjerg, близу Архус, HMF работи глобално преку свои подружници и партнери во над 30 земји.

Нивните дигалки се изработени од висококвалитетен челик кој овозможува одличен сооднос меѓу носивоста и сопствената тежина (lift-to-weight ratio), што директно се одразува на зголемена искористеност на возилото. HMF нуди широк спектар на типови дигалки: склопливи и телескопски кранови (knuckle-boom K, telescopic T, Z-класа, L-класа), како и кранови за рециклажа (S-класа), прилагодени за различни индустрии и услови на работа.

Покрај дигалките, HMF нуди и богат портфолио на дополнителна опрема – потпирачи, пумпни единици, далечински управувачи, fly-jib, витла – што овозможува висока флексибилност и конфигурации според специфичните потреби на клиентите.