преку 15 години доверба на пазарот на Балканот
HYVA е глобална мултинационална компанија основана во Холандија во 1979 година. Сите HYVA производи се изработени за да ги задоволат строгите барања на глобалниот пазар во однос на квалитет, цена, достапност и постпродажна поддршка за клиентите.
Централата на компанијата се наоѓа во Холандија, додека производствените погони се сместени во Холандија, Германија, Италија, Бразил, Кина и Индија.
Како добавувач, HYVA нуди широк спектар на технички производи и компоненти кои главно се користат во хидраулични склопови на системи за товарање и истоварање на камиони и приколки, како за стандардни така и за теренски транспортни услови. HYVA исто така претставува значаен фактор во производството на компактори и возила за собирање отпад, наменети за индустријата која се занимава со зачувување и заштита на животната средина.
HYVA, како најголем производител на телескопски цилиндри, со години е пред конкуренцијата поставувајќи нови стандарди во индустријата. Широката палета на производи и врвниот квалитет се резултат на стотици илјади произведени и испорачани цилиндри ширум светот.
Во понудата се сите видови хидраулични дигалки со капацитет од 1 до 74 tm. HYVA дигалките претставуваат идеална комбинација од висок квалитет и достапна цена. По барање, можно е да се обезбеди дополнителна опрема како што се ладилник за масло, палетна виљушка, бушечка гарнитура, товарачка кофа или другa специјализирана алатка.
HYVA LIFT подигнувачите на контејнери опфаќаат две главни групи: HOOKLOADER – ролкипер и SKIPLOADER – автоподигнувач. Една од најзначајните иновации е новата серија ролкипери Titan, кои се поекономични, поиздржливи и пофлексибилни при работа со различни типови на контејнери. Достапни се во верзии со носивост од 12 до 30 тони, како и во специјални примени со капацитет од 35 до 40 тони.