преку 15 години доверба на пазарот на Балканот

Електрични и хидраулични витла

WARN е најголемиот производител на електрични и хидраулични витла за извлекување. Електричните витла се произведуваат со влечен капацитет од 770 kg до 7.500 kg, во верзии од 12 V и 24 V, наменети за монтажа на 4×4 возила, како и во индустриска варијанта со капацитет од 4.100 kg до 8.210 kg, за вградување на камиони и возила за шлеп служби.

Хидрауличните витла се достапни со влечен капацитет од 2.700 kg до 13.600 kg. Во понудата на компанијата WARN се наоѓаат и таканаречените HOIST витла, наменети за кревање товар, со капацитет за подигнување од 350 kg до 1.365 kg.

Во секое време располагаме со значителен број витла (чекрци) на залиха, така што можеме брзо да одговориме на различни барања од клиентите.